Фото: Pixabay
Доколку станете надреден на група луѓе, важно е да оставите впечаток дека сте сериозни и умерени.
Следниве совети ќе ви покажат како.
Секој ден бидете на работното место на време
Треба да им бидете пример на вработените. Доколку вие доцните, многу е веројатно и вашите вработени да си дозволат доцнење. Бидејќи кога доцна, вие нема да бидете тука да го забележите тоа.
Немојте да одите на забави со вашите вработени
Работите што ги правите во вашиот приватен живот, држете ги понастрана од канцеларијата, она што го споделувате со пријателите, не би требало да го делите и со вашите вработени.
Професионалноста на прво место
Бидете добар шеф, но не дозволувајте личните проблеми вработените да ги споделуваат со вас. Секако, доколку се работи за сериозен личен проблем, којшто влијае на работата и му ја попречува продуктивноста на некој од вработените, видете за што станува збор, но не се претворајте во психотерапевт.
Водете приватни разговори зад затворени врати
Не само што ќе ве озборуваат доколку приватноста ја изнесете пред сите, туку и ќе помислат дека и ним им е дозволено да прават приватни повици кога сакаат.
Ништо лично
Пристапот како “ти мене ми правиш проблем” или “поради тебе се случуваат грешки” треба да го заборавите. Подобро кажете: “Не можеме да работиме во тим во кој владее нетрпеливост”. Така вработените ќе можат да ви помогнат, а притоа да не се чувствуваат обвинети.
Помош кога е потребно
Доколку сте свесни дека некоја задача е обемна и тешка, од време на време потрудете се да поминете барем еден час помагајќи му на тимот да ја заврши.
Управувајте, но не по секоја цена
Се разбира дека ова е ваш бизнис и вие имате најногу да изгубите, но морате да им дозволите на вработените да преземат одговорност за нивниот дел од работата. Покажувајте, потсетувајте, давајте насоки, но немојте да ги “гушите“ вработените и да се наметнувате по секоја цена.