Sleepie – уред што помага за подобро спиење и будење

48

Фото: Kickstarter

Sleepie користи сино светло, мирис и звуци, за корисникот да има најдобар можен сон, односно да заспие што е можно побрзо и “попријатно“ да се разбуди.

Sleepie функционира така што се конектира со апликација на Android или IOS уред, а таа овозможува да се намести време за будење и да се додадат карактеристики за начинот на будењето.

Уредот користи сина светлина што го буди корисникот пред да заѕвони алармот, но креаторите планираат да додадат уште карактеристики на апликацијата пред првите испораки.

Производот е дело на старт-ап со седиште во Солт Лејк Сити, Јута и има своја кампања на платформата Kickstarter. Досега има собрано 45.326 долари од потребните 20.000 долари, а кампањата трае уште 16 дена.

Првите испораки на производот се очекува да бидат во јули годинава.