Бројот на електрични возила во светот достигна 3 милиони

44

Фото: Pixabay

Бројот на возила на електричен погон на патиштата ширум светот се искачи на рекордно ниво од 3,1 милион во 2017 година, пишува Reuters. Тоа претставува зголемување од 57% во однос на 2016 година, а дури 40% од сите електрични автомобили се возат по патиштата во Кина.

Истражувањата, развојот, политиките на поддршка, инвестициите во инфраструктурата резултираа со намалување на цената на батериите и оттука е се поголемата прифатеност на електричните возила.

Според проценките на Меѓународната агенција за енергија, до 2030 година бројот на електрични возила може да достигне 125 милиони, но ако продолжи трендот на амбициозни политики за исполнување на глобалните климатски предизвици и целите на одржливост, бројката на возила на електричен погон ќе достигне и 220 милиони.

Зголемената побарувачка на овие возила ќе предизвика домино ефект и во побарувачката на материјали, како што се кобалтот и литиумот, кои се користат во изработката на батериите. Проценките велат дека се очекува скоро десетпати поголемо побарување во однос на сегашното.