Како полесно да менаџирате со клиентите

30

klienti

Фото: Pixabay

Неколку мали совети кои ќе ве насочат кон поуспешно менаџирање со клиентите.

Слушајте што клиентот навистина сака и одговорете на тоа барање. Не нудете нешто без да се осигурате дали тоа е она што купецот навистина го сака.

Бидете брзи, или барем кажете му/и на потенцијалниот клиент колку долго треба да чека. При тоа употребете веќе проверен документ кој претходно сте го користеле во слични ситуации.

Не се обидувајте да му објаснувате на клиентот сè за вашата трговија. Концентрирајте се на клучните работи што тој/таа треба да ги знае.

Не зборувајте за проблемите, зборувајте за решенијата.

Не се оптоварувајте со помислата да направите најквалитетна веб страна. Покажете што работите на соодветен, достапен веб сајт каде потенцијалните клиенти може лесно да ве контактираат.

Секогаш одговорајте потврдно, клиентот не сака да слуша НЕ. Секогаш велете ДА, а потоа средете ги работите како што вам ви одговара.

Бидете подготвени да образложите доколку се случи некој проблем или доцните со нешто. Клиентите кои се сомневаат дека сте премногу бавни со испораката или дека правите грешки кои се обидувате да ги прекриете ќе се откажат од вас порано или подоцна.

Клиентите сакаат да го купат она што е веќе испробано, она што функционира добро, односно она од кое имаат полза. Затоа ако вашиот прозвод или услуга се покажале како такви, нема потреба да ги менувате, дури и ако “времињата се менуваат’”. Клиентите веќе го имаат препознаено квалитетот.