Јапонски истражувачи создадоа чуден но корисен “робот црево“ којшто може да “влезе“ во прозорци на згради што горат, и да гаси се наоколу со јаки млазови вода.
Цревото е создадено од тимови од универзитетот Tohoku и колеџот Hachinohe и беше презентирано минатиот месец на Меѓународната конференција за роботика и автоматизација.
Работи на истиот принцип како обичното црево кога ќе биде вклучено, но за разлика од него започнува да се движи насекаде. Силата на водата којашто е испуштена го притиска цревото во спротивна насока, додека притисокот на водата се насочува кон повеќе отвори со цел да се создаде стабилна позиција којашто може по потреба да се менува.
Цревото исто така беше прикажано на Меѓународната изложба за пожари и несреќи во Токио.