Фото: Kickstarter
Atom е најмалиот паметен телефон кој има 4G мрежа, можност за две картички и многу неверојатни перформанси.
Овој телефон е наменски дизајниран за луѓето кои спортуваат или поминуваат време надвор од градските средини. Се отклучува на отисок на прст, има влез за USB, преку којшто може да се префрлаат податоци директно на телефонот и од телефонот на USB-то.
Има предна и задна камера, со тоа што задната е 16 мегапиксели, а предната 8 мегапиксели. Креаторите имааат дизајнирано и 3 различни држачи за телефонот, па тој може лесно да се закачи на ранец, на статив, или на рака при трчање. Телефонот има 4 GB рам и 64 GB внатрешна меморија, а има Android 8.1 Oreo оперативен систем.
Atom е дело на старт-ап со седиште во Шангај, Кина и има своја кампања на платформата Kickstarter. Досега има собрано 560.309 долари, од потребните 50.000 долари, а кампањата трае уште 34 дена.
Првите испораки на производот се очекува да бидат во октомври годинава.