Како да не ја комплицирате вашата кариера

Ако имате сопствен бизнис, тогаш најверојатно сами си го организирате денот. Меѓутоа, сигурно ви се случува наместо да го завршите она што ви е приоритетно, да се препуштите на обврските коишто можат и да чекаат.

Самоорганизацијате е комплицирана, колку и да ви се чини едноставна. Поставете си го прашањето: ,,Што правам секој ден?” доколку одговорот е подолг од неколку реченици, многу е веројатно дека беспотребно си ја комплицирате кариерата. Дури и ако сте премногу амбициозни, работите треба да ги поедноставите, барем во поголем дел од случаите.

Затоа, запишете си ги некаде следните правила и имајте ги на ум следниот пат, кога обврските ќе ви се искомплицираат.

1. Не мора константно да бидете зафатени

Многумина се жалат, дека имаат премногу обврски и како ништо не можат да постигнат на време. Меѓутоа, најчесто, нивниот ,,луд” распоред не е еквивалентен со нивните постигнувања и резултати.

2. Не ви требаат милион опции

Без разлика што ние го ја иделизираме можноста за избор, премногу опции може да нè наведат да зажалиме за самите одлуки, како и, на крај воопшто да не избереме ништо. Затоа, наместо да ги ширите опциите, истакнете ги приоритетите во производот или услугата што ја нудите.

3. Не ви требаат милион апликации

Веројатно и на вас, како и на многумина им се случило залудно да бараат апликација која ќе им го замени на пример печатениот календар. Доколку не можете да се организирате, ниедна апликација на светот нема да може да ви помогне. Затоа, преземете ја одговорноста за вашата неорганизираност и непродуктивност. Понекогаш работите кои навистина ви требаат се едноставни и практични.

4. Немојте слепо да се држите до нешто

Најчесто, слепо се држиме до материјалните работи, претходните искуства избори… За навистина да ги цените работите и луѓето кои ви се важни, мора да се ослободите од оние на кои им завршила улогата во вашиот живот.

Фото: Pexels