AM1 е компактен електричен велосипед кој тежи само 13.5 кг. , па е лесен за транспорт и за симнување по скали.
Направен е од алуминиум, има само една брзина, но и сензори на педалите, а корисникот сам одбира кога да добива ,,помош” од електричниот мотор кој е голем колку една Coca-Cola конзерва.
Најголемата брзина која може да ја постигне овој електричен велосипед е 48 км/ч., а на кормилото има лед дисплеј на кое се покажува нивото на батерија на моторот и брзината со која се движи велосипедот. Батеријата на моторот се полни за 3 часа, исто како на секој паметен телефон, а исто така е и водоотпорна.
Производот е дело на старт-ап со седиште во Лондон, Велика Британија и има своја кампања на платформата Kickstarter. Досега има собрано 245.122 долари, од потребните 25.000 долари, а кампањата трае уште 17 дена.
Првите испораки на производот се очекува да бидат во јули годинава.
Фото: Kickstarter