Sensorwake Trio е будилник кој најпрво во првата минута испушта миризба по желба на корисникот, потоа, во втората минута почнува да свети и во третата минута буди со музика, по избор на корисникот.
Има повеќе миризби кои се достпани меѓу кои: мирис на кафе, мирис на тропско овошје, мирис на портокал, мирис на роза, мирис на океан, мирис на пеперминт итн.
Една мирисна капсула е за 30 употреби, а алармот работи со адаптер на струја, па нема потреба од полнење батерии.
Овој производ е дело на старт-ап со седиште во Париз, Франција и има своја кампања на платформата Kickstarter. Досега има собрано 171.613 долари од потребните 30.000 долари, а кампањата трае уште 22 дена.
Првите испораки напроизводот се очекува да бидат во ноември годинава.
Фото: Kickstarter