Фото: Creator
Ресторанот Spyce, којшто се наоѓа во Бостон, Масачусетс, е опремен со кујна робот, каде што на посебен начин се подготвуваат оброци за гостите. Наскоро и Сан Франциско ќе добие свој Spyce ресторан чијашто специјалност ќе бидат бургери направени од робот по цена од шест долари.
Роботот е наречен Creator и е заслужен за целокупниот процес на приготвување на бургерите, од мелење, сечкање, па се до послужување на готово јадење, пишува New Atlas.
Освен месото, роботот ги подготвува и кромидот, доматите и киселите краставички, како и разните додатоци и сосови брзо и лесно.
Креаторите на оваа мултифункционална машина, Momentum Machines велат дека ваквиот тип на “кујна“ има повеќе предности од традиционалните места за подготовка на храна во рестораните.
Една од нив е издвојување на повеќе пари за поквалитетни состојки, без притоа да се додава на цената кај финалниот производ, во случајов бургерите. Освен тоа робот кујната може да врши одредени задачи што доколку се прават рачно, би одземале многу време.
Дополнително, Creator зафаќа помалку простор од кујна во ресторан полна со готвачи, келнери и останат персонал.
Во првиот Spyce ресторан ќе има два вакви роботи и секој од нив ќе може да приготви бургер за помалку од пет минути, или 120 бургери за еден час.