Фото: Kickstarter
PAQ е производ којшто го олеснува пакувањето, ги штити спакуваните предмети, а може да се користи за куфери, ранци и разни торби.
Кога ќе се наредат сите потребни работи во куферот, најгоре се става PAQ како еден вид заштита од поместување, оштетување и кршење.
Исто така, кога куферот пристигнува на лентата на аеродромот, од каде што се зема багажот, корисникот добива известување на телефонот, со цел да не чека повеќе од што треба.
Производот е дело на старт-ап со седиште во Сиднеј, Австралија и има своја кампањата на платформата Kickstarter. Досега има собрано 4.512 од потребните 14.755 долари, а кампањата трае уште 33 дена.
Првите испораки на производот се очекува да бидат во септември годинава.