Фото: Kickstarter
ISO-CUBE е алатка за цртање којашто му помага на корисникот да нацрта импресивни 3D објекти во само неколку минути.
Со неа следува и книга со печатени туторијали, за полесно цртање и идеи, како и професионални алкохолни маркери, линијар и пенкало.
Оваа алатка првично е креирана и наменета за професори кои предаваат 3D дизајн, но е достапна за сите коишто сакаат да ја разбудат креативноста во себе. Производот наменет за професори, кои користат големи табли е со поголеми димензии од стандардната верзија, односно 30 пати поголем од стандардната верзија наменета за цртање на А4 формат.
ISO-CUBE е дело на старт-ап со седиште во Сафрон Валден, Велика Британија и има своја кампања на платформата Kickstarter. Досега има собрано 2.103 долари, од потребните 2.643, а кампањата трае уште 20 дена
Првите испораки на производот се очекува да бидат во август годинава.