Фото: IndieGoGo
SpeakSee е сет од безжични микрофони што во реално време го претвораат говорот во текст.
Овој уред првенствено е наменет за луѓето кои имаат проблем со слухот, а транскрибира вкупно 120 јазици и акценти. Без разлика дали има врева или бучава во околината SpeakSee умее да го идентификува говорот и да го “даде“ на корисникот како готов текст. Може да се приклучи во паметен телефон, телевизор и системи за конференциски состаноци.
Уредот работи на тој начин што ги поделува различните микрофони и ги означува во транскриптот на паметниот телефон со различни бои и различно име. Така корисникот знае кој говорник што кажал, доколку има повеќе во моментот.
SpeakSee се очекува да биде и патентиран во блиска иднина.
Производот е дело на старт-ап со седиште во Ротердам, Холандија и има своја кампања на платформата IndieGoGo. Досега има собрано 66.842 долари од потребните 50.000 долари, а кампањата трае уште 7 дена.
Првите испораки на производот се очекува да бидат во февруари 2019 година.