Норвешката телекомуникациска компанија Теленор потпиша договор со грчкиот мобилен оператор ОТЕ за купување на бугарскиот телеком Глoбул, за сума од 717 милиони евра.
Во договорот е вклучен и синџирот продавници Германос.
Се очекува договорот да биде завршен во третиот квартал на 2013 година, по завршувањето на сите неопходни процедури и одобрение од органите за заштита на конкуренцијата.
Глобул е втор по големина оператор во Бугарија, со 4,5 милиони корисници и пазарен удел од 36%. Во 2012 година Глобул и Германос Бугарија имаа приходи од 378 милиони евра.
Теленор е присутен во централна и источна Европа, во Унгарија, Србија и Црна Гора.