Се гаси десктоп верзијата на Skype Classic

25

Фото: Skype

Класичната верзија на Skype, позната под ознаката 7, ќе престане да функционира од 1-ви септември оваа година, пишува на официјалниот блог на Microsoft. Со тоа корисниците ќе може да ја користат само верзијата 8, па од компанијата препорачуваат секој што поскоро да ја надоградат постоечката верзија на своите уреди.

Од Microsoft информираат дека гасењето на старата верзија ќе го подобри корисничкото искуство за сите, без никаков компромис околу квалитетот на услугата поради адаптација кон некои стари верзии. Исто така, новата верзија нуди подобри безбедносни карактеристики, бидејќи во неа се надминати сите недостатоци на поранешните верзии.

Новиот Skype има многу нови можности, како бесплатни HD видео повици и споделување на содржините на екранот, како и разни други подобрувања за поедноставување на комуникациите.