Што е корелација?

Фото: Pixabay

Корелација е меѓузависност, заемна зависност односно заемна поврзаност и зависност. Однос меѓу две економски појави што ce наоѓаат во причинска зависност и обусловеност. Корелацијата може да биде паралелна, т.е. позитивна и обратна, негативна.

Корелацијата е позитивна кога растот на едната појава предизвикува раст на другата(на пример растот на побарувачката предизвикува раст на цената), или смалувањето на едната појава предизвикува смалување на другата (на пример смалувањето на цената влијае врз смалувањето на понудата).

Корелацијата е негативна кога растот на едната појава е проследен со паѓање на другата (на пример односот на промените кај цената и побарувачката), или, обратно, смалувањето на едната појава ce проследува со раст на другата. Интензитетот на корелацијата ce мери со коефициент на корелацијата. Поимот корелација во многу нешта ce совпаѓа со поимот функција .