Според податоците на Државниот завод за статистика, во мај 2018 година, во Република Македонија, вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесува: 499.980 МWh електрична енергија, 4.114 мил. нм3 природен гас, 230.337 тони јаглен и 79.726 тони нафтени продукти.
Бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 66,2 % во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 90,4 % од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на електрична енергија.
Фото: Pexels