Фото: Walt Disney
Компанијата 21st Century Fox ја прифати понудата на Walt Disney вредна 71,3 милијарди долари за преземање на забавната програма на Fox, пишува Reuters.
Инаку, Disney минатиот месец беше приморан да ја подобри својата понуда, откако најголемата американска кабловска компанија, Comcast достави понуда од 66 милијарди долари за купување на дел од програмата на Fox.
Меѓутоа, по последната понуда од Disney минатата недела, Comcast излезе од трката.
Понудата на Disney веќе доби зелено светло и од американските регулатори.