Хрватскиот конзорциум Агрокор со уште двајца потенцијални купувачи влегоа во вториот круг за купување на словенечкиот трговски ланец Меркатор и до 15 мај треба да ја предаде понудата, што и ќе го стори, изјави претседателот на надзорниот одбор на оваа компанија, Иван Тодориќ.
Тодориќ присуствуваше на конференцијата за новинари во вуковарската градска управа, на која најави дека до 20 август би требало да биде завршена изградбата на деловно – трговскиот центар на 6.000 метри квадратни, што Агрокор го гради во Вуковар.
Во центарот ќе се наоѓаат 15 деловни простори, продавници на реномирани хрватски и странски брендови и три кино сали.