Вредност на договорените градежни работи во странство во првите шест месеци

46

Според податоците на Државниот завод за статистика, во периодот јануари-јуни 2018 година, вкупната вредност на договорените градежни работи во странство изнесува 917.499 илјади денари, што е за 54,6 % помалку во споредба со истиот период од претходната година.

Во наведениот период, градежната оператива од Република Македонија во странство извршила градежни работи во вкупна вредност од 698.072 илјади денари, што е за 4,9 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година.

Во истиот период е забележан зголемен обем на извршените градежни работи во Босна и Херцеговина.
Вредносните податоци за периодот јануари-јуни 2018/2017 година се дадени врз база на паритетот 1 американски долар = 51.2722 денари.

Фото: Pexels