Burberry престанува со уништување на облека и употреба на вистинско крзно

48

Британскиот произвотител на лукзузна облека и додатоци Burberry се изјасни дека повеќе нема да уништува неискористена облека.

Модниот бренд исто така вети и дека нема да користи вистинско крзно и ќе ги повлече од употреба постоечките производи изработени од овој материјал.

Минатата година Burberry уништи непродадени модни додатоци и парфеми во вредност од 37 милиони долари со цел да го заштите својот бренд. Токму овој потег наиде на остри критики особено од екологистите.

Burberry моментално користи крзно од зајак, лисица и азиски ракун во своите колекции, но се обврза дека во иднина ќе престане со таа пракса.

Луксузниот бренд потенцира дека веќе работи на рециклирање, донирање и ре-употреба на непродадени производи и ќе продолжи со уште позасилено темпо.

Фото: Facebook