ДЗС: Во јули издадени се 276 одобренија за градба

36

Според податоците на Државниот завод за статистика, во јули 2018 година, се издадени 276 одобренија за градење, што е за 34,6 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 4.671.709 илјади денари, што е за 200,4 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 146 (52,9 %) се наменети за објекти од високоградба, 39 (14,1 %) за објекти од нискоградба и 91 (33 %) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 276 објекти, на 161 (58,3 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 115 (41,7 %) објекти инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 648 станови, со вкупна корисна површина од 53.243 м2.