Под поимот административни се подразбира цени на стоки и услуги што не ce формираат слободно на пазарот под дејство на понудата и побарувачката, туку нив однапред ги одредуваат, ги пропишуваат
одредени државни органи.
Причините за административно (државно) регулирање на цените ce различни.
Во зависност од целите ce применуваат разни форми на административни цени:
Максимирани (кога им e определено горното ниво што не смее да ce премине);
Минимални или гарантирани (co кои ce врши заштита на производителите од пониско паѓање на цените на нивните производи од одреденото ниво);
Фиксни; (цени што не се менуваат)
Замрзнати (кога државниот орган пропишува задржување на цените на она ниво на кое ce нашле во моментот на замрзнувањето) и сл.
Административното определување на цените предизвикува определени последици врз условите на стопанисувањето и положбата на производителите во распределбата, спротивно економски цени, коишто на пазарот слободно ce формираат без непосредно влијание на вон економските фактори.