ДЗС: Во јули биле вкупно потрошени 549.423 МWh електрична енергија

22

Според податоците на Државниот завод за статистика, во јули 2018 година, во Република Македонија, вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесува: 549.423 МWh електрична енергија, 4.152 мил. нм3 природен гас, 342.981 тон јаглен и 91.059 тони нафтени продукти.

Бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 70,8 % во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 94,1 % од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на електрична енергија.