Kors Holdings ја купи модната куќа Versace за 2,1 милијарди долари

60

Холдинг компанијата на американскиот дизајнер Мајкл Корс, Michael Kors Holdings, го купи светски познатиот моден бренд Versace за 2,12 милијарди долари, пишува GQ.

Матичната компанија од сега па натаму ќе се нарекува Capri Holdings, а нејзиниот план за италијанската модна куќа е да ги зголеми продажните места, од 200 (моментално) на 300, да го развие бизнисот со модни додатоци и обувки, како и да ја прошири онлајн трговијата.

Долгорочниот бизнис план е креиран со цел Versace да достигне приход од 2 милијарди долари.

Креативниот директор на модната куќа, Донатела Версаче, која е на чело на компанијата од 1997 година по убиството на нејзниот брат Џани Версаче, ќе продолжи да ја работи својата функција во креативниот дел на брендот.

Ова не е прв моден бренд што бил купен од страна на Kors Holdings. Конгломератот во јули минатата година го презеде Jimmy Choo, за 1,2 милијарди долари.

Фото Facebook