Српскиот Телеком сака да го купи Телеком Албанија

42

Телеком Србија планира да го купи Телеком Албанија, а заинтересираноста е во рамки со најавената намера на српскиот опаратор да се шири во регионот, пренесува B92.

“Целта на Телеком Србија е да се позиционира како регионален лидер во областа на телекомуникацијата.Понудата е дадена и моментално е на разгледување“, велат од српскиот Телеком.

Телеком Албанија е вториот најголем оператор во земјата, за којшто освен Телеком Србија понуди доставија и бугарските оператори Vivakom и Globul Telekom.