Google го затвора Google+ поради проблеми со безбедноста

50

Google ќе ја затвори својата социјална мрежа Google+ поради неможност на компанијата да реши проблем со безбедноста којшто зафатил илјадници кориснички профили на онлајн услугата, пишува CNN.

Од Google признаваат дека Google+ не го постигнал посакуваниот ефект, односно немал доволен број на корисници. Сервисот беше за прв пат претставен во 2011, а технолошкиот гигант сакаше Google+  да биде еден ривал на Facebook.

Сепак замислата не се оствари, а безбедносниот “баг“ беше за прв пат откриен во март годинава кога развивачи на апликации се обиделе да пристапат до прифили на корисници што не биле означени како “јавни“.

Овој баг “заразил“ околу 500.000 профили, иако според Google не биле пронајдени докази дека некоја информација од корисниците била злоупотребена.