Деловни тенденции во градежништвото за третото тримесечје од 2018

43

Според оценката на раководителите на деловните субјекти од областа на градежништвото, индикаторот на доверба во третото тримесечје од 2018 година е помал за 0.2 процентни поени во однос на второто тримесечје од 2018 година, а e ист во однос на истото тримесечје од 2017 година.

Очекувањата за вкупните порачки (договори) за градежни работи се понеповолни во однос на претходното тримесечје, а очекувањата за бројот на вработени се дека тој ќе се намали.

Оценката за економската состојба во третото тримесечје од 2018 година е поповолна во однос на претходното тримесечје, а е поповолна и во однос на третото тримесечје од 2017 година. Сегашната состојба со порачки (договори) на нивните деловни субјекти е поповолна, додека оценката за финансиската состојба е иста како и во претходното тримесечје.

Во наредниот период се очекува продажните цени да се зголемат, a бројната состојба и квалитетот на механизацијата и опремата се над нормалата.

Најголемо влијание врз ограничувањето за подобрување на тековната градежна активност имаат следните фактори: зголемени трошоци за материјали со 22,4 %, нема побарувачка со 20,3 %, конкуренција во сопствениот сектор со 13,8 % и недостиг на обучен кадар со 12,1 %.