Net Guard – дрон што спасува луѓе во итни случаи

48

Фото: Youtube

Net Guard е концепт на беспилотно летало специјално дизајнирано од група шест студенти од Кина, пишува Designboom.

Овој дрон е наменет за спасување луѓе во итни случаи. Доколку добие известување дека се случува некој итен случај, на пример пожар, користи GPS за да ја утврди точната локација. Може да лета високо и за најкратко време да дојде до местото на несреќата. Леталото се приближува до местото на несреќата со четири пропелери и се расплетува на четири дела со заштитна мрежа во средината.

Мрежата е направена од полиуретан, којшто е доволно силен да издржи тежина на просечно возрасно лице. Сензорите на Net Guard го следат движењето на лицето, позиционирајќи се на најбезбедното место.