Непријавената стопанска активност, односно сивата економија во 2012 година во Европа падна од 19,3% на 19% БДП, се наведува во студијата на Visa.
Благодарение на подобреното економско опкружување и примената на мерките за сузбивање на измами, нивото на сива економија би можело годинава да биде најниско во последните 10 години, односно да падне на 18,5% вкупен БДП на Европската унија, Норвешка, Швајцарија, Турција и Хрватска, стои во студијата.
Сивата економија е почеста појава во источна и централна Европа. Во Бугарија се очекува годинава да достигне 12,9 милиони евра или 31,2% БДП. Во Хрватска, Естонија и Литванија достигнува скоро 30% БДП, пишува во извештајот на Visa.
Основни причини за постоење на сивата економија обично се непријавени плаќања во готово при исплата на плати на работниците и непотполно пријавување на приходите на стопанските субјекти. Работата на црно и непријавените трансакции достигаат 2.175 милијарди евра, при што најмногу непријавени работници и плаќања има во градежниот и трговскиот сектор. Сивата економија во најголема мерка е застапена во секторите градежништво, трговија, производство, туризам и транспорт.