Barner 2.0 – очила што штитат од штетното зрачење на компјутерските екрани

545

 Barners се стилизирани очила коишто ги заштитуваат очите од штетната сина светлина што ја емитуваат електронските уреди.

Овие леќи имаат специјален заштитен слој прилагоден за луѓето кои поминуваат подолго време во затворена просторија и пред компјутерските екрани. Тие ги штитат очите и од зрачење на LED светилките, смартфоните, телевизорите и таблетите.

Леќите се отпорни на гребнатини, водоотпорни и антистатички, а рамките се флексибилни. Има три модели и шест различни бои, па нарачателите ќе можат да одберат од вкупно 18 различни дизајни.

Штом корисникот ќе заврши со работата пред компјутер/лаптоп, може да ги користи своите Barners како обични очила за сонце благодарение на додатокот што доаѓа со нив.

Стартапот од Шпанија веќе имаше успешна кампања и испорача вкупно 965 Barners очила во 62 земји.

Втората кампања на Indiegogo заврши на 16-ти ноември, а беа вкупно собрани 407.440 евра. Ииспораките се очекуваат во март следната година.