Airstream – паметен дом далеку од дома

48

Фото: Airstream

Airstream е асоцијација на класична приколка за патување што датира уште од 1963 година. Но, нејзината внатрешно еволуираше со текот на годините, по што е создадена најнова линија на иновативни приколки, пишува Engadget.

Компанијата воведе таканаречена Smart technology, систем преку којшто се контролира осветлувањето, климатизерот и греењето. Апликацијата, исто така, им овозможува на корисниците да имаат постојан увид во нивото на гориво во резервоарот од приколката, количината на вода за пиење.

Следење на однесувањето на корисникот во текот на кампувањето ќе овозможи да се креира единствен профил, којшто преку апликацијата ќе го информира корисникот за сето она што го очекува во текот на патувањето, врз база на претходните искуства.