Како да го одберете вистинскиот работник?

77

Фото: Pexels

Како да знаете дека сте го одбрале вистинскиот кандидат за работното место? Постојат неколку начини да направите проверка пред да одлучите. Во продолжение некои од нив.

Посветеност

Барајте посветени личности. Луѓе кои се лојални и доследно си ја вршат работата. Не би сакале да вработите некој кој постојано менува работно место, само за да дојде до поголема плата.

Тестирајте вештини и знаења

Не се повикувајте само на биографијата. Кандидатите yмеат да ја направат подобра отколку што е, па затоа се потребни дополнителни тестирања. Задолжително тестирајте ги нивните знаења и вештини. Заедно со големата самодоверба потребна е и голема подготвеност за работното место.

Компатибилност

Исто така, треба вашиот нов вработен/а да се вклопува со останатите од тимот, да може лесно да ја прифати компаниската култура. Затоа, проверете дали ги има потребните социјални вештини за воспоставување на комуникација и добри односи со останатите.

Социјални медиуми

Не би било во ред да поставувате премногу лични прашања за време на интервју. Наместо тоа, направете анализа на присуството на кандидатот на социјалните медиуми. Ова е особено добро ако вработувате некој во ИТ индустријата. Многу работи можат да се дознаат токму преку нечие однесување на социјалните медиуми.