Неколку земји од ЕУ ќе ослободат 43 милиони барели нафта од своите резерви во наредните месеци

Неколку земји од Европската Унија пласираат на пазарот околу 42,6 милиони барели нафта, од кои половина е дизел, од своите стратешки резерви, изјави денес европскиот комесар за енергетика, Дан Јоргенсен.

Ова е во согласност со обврската што ја презедоа како дел од Г7 за ограничување на цените на бензинските пумпи.

„Земјите-членки на ЕУ ја потврдија својата обврска брзо да стават на располагање 42,6 милиони барели од стратешките резерви во текот на наредните месеци, а околу половина од тие количини ќе се состојат од дизел“, изјави Јоргенсен по состанокот на министрите за енергија на ЕУ во Луксембург, објави француски Фигаро.

Таа нафта доаѓа од стратешките резерви на тие земји и ќе стигне на пазарот во наредните месеци во согласност со обврската преземена во рамките на Г7.

Групата седум (Г7) од индустриски најразвиените земји во светот се согласи на почетокот на месецот да ослободи 100 милиони барели нафтени деривати од стратешките резерви во период од четири месеци, со цел да влијае на цените на бензинските пумпи.