Индустриското производство со раст од 2,4% во септември 2026 година благодарение на преработувачкиот сектор

Индустриското производство во Македонија во септември 2026 година забележа раст од 2,4% во споредба со истиот месец од претходната година, соопшти Државниот завод за статистика (ДЗС).

Главниот генератор на позитивниот резултат е Преработувачката индустрија, која оствари пораст од 4,2%. Индустриското производство во секторот Рударство и вадење камен во септември
2026 година, во однос на септември 2025 година, бележи опаѓање од 7.7 %, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 4.2 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 11.4 %.

Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во следните оддели:

– Производство на пијалаци,
– Производство на текстил,
– Производство на хемикалии и хемиски производи,
– Производство на производи од гума и производи од пластични маси,
– Производство на други неметални минерални производи,
– Производство на метали,
– Производство на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема и
– Производство на моторни возила, приколки и полуприколки.

Според главните индустриски групи, производството во септември 2026 година, во однос на септември 2025 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за
16.9 % и Капитални производи за 1.3 %, додека опаѓање бележи кај Енергија за 20.3 %, Трајни производи за широка потрошувачка за 8.3 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4.5 %.
Индексот на индустриското производство во периодот јануари – септември 2026 година, во однос на периодот јануари – септември 2025 година, изнесува 100.8.

Најголемо влијание врз порастот на индустриското производство во септември 2026 година, во однос на септември 2025 година, има зголемувањето на производството во одделите: 

  • Производство на пијалаци со 21.3 %
  • Производство на други неметални минерални производи со 64.4 %
  • Производство на моторни возила, приколки и полуприколки со 5.0 %

    Фото: Gemini