Thies, германски семеен бизнис, креираше одржливи чевли од “маслинова кожа“, којашто се добива од маслинови листови, пишува Designboom.
Линијата вклучува чевли за мажи, жени и деца, изработени со посебен “wet-green“ метод. Активната состојка од овој метод OBE се добива од маслиновите лисја, на сличен начин како производството на чај, во строго контролирани услови што важат за прехранбената индустрија.
Детските чевли се целосно изработени од маслинова кожа, додека патиките имаат гумен ѓон. Нивната цена се очекува да изнесува 160 евра, додека детските обувки ќе можат да се купат за 70 евра.
Фото: Facebook