Канва отпушта повеќе од 1.200 вработени поради забавување на растот

Австралиската технолошка компанија Канва, која го развива добро познатиот софтвер за графички дизајн со исто име,  објави дека ќе отпушти 1.271 вработен, или околу 22 проценти од својата работна сила, поради забавување на растот во своето работење.

Коосновачот и извршен директор на компанијата, Мелани Перкинс, им кажа на вработените дека Канва морала да ја промени својата деловна организација за да одговори на забавувањето на растот, кое беше прво забележано во последните десет години, објавува TechCrunch.

„Во текот на изминатите 13 години, го претворивме сонот од бизнис план во платформа што ја користат стотици милиони луѓе. Ништо од ова не би било можно без талентот, имагинацијата и посветеноста на сите што биле дел од ова патување. Сепак, успехот во првото поглавје не гарантира успех во следното. Ова беше нашата најтешка година досега“, рече Перкинс.