Претседателот на управата на Меркатор, Тони Балажич изјави дека краткорочната цел на овој словенечки трговски ланец е фокусирање на сменетите навики на потрошувачот и на основната дејност, а потоа следува реструктуирање. Со новите планови, бројот на организациски единици ќе се намали на 50, а до летото бројот на вработени ќе се намали за 800 до 1000, најмногу во странство. Откако веќе се повлече од Албанија, Меркатор до јуни ќе се повлече и од Бугарија. Претходно, словенечките медиуми пишуваа дека компанијата се повлекува од овие пазари затоа што не ги остварува планираните резултати.
Во планот е и фокусирање на петте најпрометни пазари за Меркатор – Словенија, Хрватска, БиХ, Србија и Црна Гора.