Дубаи: Шолји за кафе изработени од песок

40

Фото: Foundry

Компанијата Foundry од Дубаи создаде материјал што ги има карактеристиките на пустинскиот песок, но може да се моделира. Наречен е Ramel и има својство да ја менува својата форма во сосема функционални производи. Прв ваков производ од материјалот е малечка шолја за кафе.

Зад идејата стои дизајнерското студио Tinkah коешто вклучува дизајнери, писатели и креативци од секаков тип, а има за цел да се “бори“ со монотонијата на комерцијалниот дизајн, создавајќи нешто сосема ново.

Тимот наоѓа инспирација во околината и ги користи природните ресурси како подлога за креации.

За дизајнот на шолјата беше “искористен“ песокот како инспирација за материјал, едно од природните обележја во Обединетите Арапски Емирати, ресурс што го има во изобилие, а е неискористен.