6Успехот може да се случи порано или подоцна во животот. Она што е важно е да не се откажете од идејата. Некои луѓе, како следните неколку на листата, имале среќа и уште во студентските денови започнале сопствени успешни приказни коишто траат и денес.
Највредните стартапи на сите времиња, во продолжение.
Google – 1998 година
Основачи Лери Пејџ и Сергеј Брин додека студирале на Стенфорд. Вредност на компанијата 326,1 милијарда долари.
Microsoft – 1975 година
Основачи Пол Ален и Бил Гејтс додека студирале на Харвард. Вредност на компанијата 281,2 милијарди долари.
Facebook – 2004 година
Основач Марк Цукерберг додека бил студент на Харвард. Вредност на компанијата 211,1 милијарди долари.
Yahoo – 1995 година
Основачи Џери Јанг и Дејвид Фило како студенти на Стенфорд. Вредност на компанијата 34,2 милијарди долари.
Dell – 1984 година
Основач Мајкл Дел како студент од Универзитетот во Тексас.Вредност на компанијата 22,2 милијарди долари.
Tripod – 1992 година
Основачи Бо Пибоди и Брет Херши студенти од колеџот Вилијамс од Масачусетс. Вредност на компанијата 17,4 милијарди долари.
Time – 1923 година
Основачи Брајтон Хејден и Хенри Лус како студенти на Јејл. Вредност на компанијата 3,3 милијарди долари.
WordPress – 2003 година
Основач Мет Муленвег како студент на Универзитетот во Хјустон. Вредност на компанијата 1,1 милијарда долари.
Reddit – 2005 година
Основачи Стив Хафман и Алексис Охениен додека биле студенти на Универзитетот во Вирџинија. Вредност на компанијата 240 милиони долари.
Napster -1999 година
Основач Шон Фенинг од Универзитетот Northeastern во Бостон. Вредност на компанијата 78,3 милиони долари.
Фото: Pexels