FeelReal – маска што “дава“ мирис на виртуелни предмети

54

Фото: FeelReal

FeelReal е маска којашто е компатибилна со уреди за виртуелна реалност, пишува New Atlas. Му овозможува на корисникот, покрај визуелното и аудио искуство, да почувствува и мирис. Маската, освен што “произведува“ миризби, симулира и дожд, жештина и ветар.

Со помош на магнети се става на долниот дел на уредите за виртуелна реалност и се поврзува преку  Bluetooth. Во маската можат да се стават девет различни капсули и да прскаат арома на лицето на команда на корисникот. На тој начин искуството на играта или видеото што се гледа станува уште пореално.

Креаторите на FeelReal велат дека можат да се почувствуваат 255 различни мириси, од кафе и лаванда, па сè до мирис на изгорена гума или мирис од пиштол. Во направата има вградени микро грејачи и разладувачи коишто создаваат топол, односно ладен воздух на лицето од корисникот.