Фото: Facebook
Шпанското дизајнерско студио, Zooco Estudios создаде coworking простор во којшто е инкорпориран и дел наменет за децата на оние кои го споделуваат просторот за работа, пишува Dezeen.
Станува збор за Big and Tiny, coworking простор сместен во Калифорнија. Компанијата ја основа жена претприемач, која е мајка, и има за цел да ги поддржи родителите да го интегрираат својот приватен и професионален живот.
Сoworking просторот се простира на површина од 195 метри квадратни, адаптиран е на потребите и на децата и на возрасните, а главната цел му е да биде место за “продуктивност, креативност и заедница“.