Tesla со прва фабрика надвор од САД

53

Фото: Pixabay

Илон Маск, главниот извршен директор на Tesla, го означи почетокот на изградбата на првата фабрика надвор од САД, а за нејзино седиште ја одбра Кина, односно Шангај, пишува BBC.

Според производителот на електрични автомобили, во објектот ќе се произведуваат автомобилите Model 3 и Model Y, а Маск планира да го зацврсти своето присуство на најголемиот пазар за автомобили во светот.

Новата фабрика ќе овозможи Tesla да ги одбегне американските даноци за увоз на автомобили во земјата.

Таканаречената гигафабрика, којашто се претпоставува дека ќе чини пет милијарди долари, ќе започне со производство на автомобилот Model 3 од следната година.