Precycle – продавница со нула отпад

68

Precycle е новоотворена продавница во Бруклин, Њујорк, којашто не користи пластични кеси, пишува, Tree Hugger.

Нејзин сопственик е Катерија Богатирева од Латвија, којашто вели дека во најзината земја фрлање на храна е неприфатливо. Водена од тие вредности, се решава да отвори продавница со нула отпад во САД каде што живее подолго време. Сепак, биле потребни години работа се додека нејзиниот сон не стане реалност.

Во Precycle се нуди храна од локални земјоделци и дистрибутери, па купувачите знаат од каде точно доаѓаат намирниците. Целта на продавницата е да ги информира луѓето како можат и тие да придонесат за поздрава животна средина.

Богатирева на новите купувачи прво им нуди хартиени кеси, но подоцна и тие купуваат од големите садови со храна, носејќи си сопствени торби во коишто ги ставаат намирниците.

Фото: Precycle