Wheelie 7 – уред што преку израз на лице движи инвалидска количка

192

Фото: Facebook

Бразилскиот старт – ап Hoobox Robotics, во соработка со Intel, создаде уред што овозможува скоро сите електрични инвалидски колички да бидат контролирани од изразот на лицето на корисникот, пишува Dezeen.

Станува збор за Wheelie 7, уред со вештачка интелигенција што може да ги детектира изразите на лицето на корисникот, ги обработува податоците во реално време и го насочува движењето на количката.

Прототипот на Wheelie 7 може да препознае 10 гестови, меѓу кои се насмевнување и подигнување со веѓи. Секој од овие десет гестови, корисникот може да ги искористи за да ги употреби за движење во одредена насока.