Ford и Volkswagen преку глобално партнерство ги здружуваат силите

65

Фото: Pixabay

Американски Ford и германски Volkswagen склучија глобално партнерство коешто ќе овозможи автомобилските компании да ги намалат трошоците за технолошка револуција и да се справат со намалување на продажбата, пишува Guardian.

“Со тек на време, ова партнерство ќе им помогне на двете компании да создадат вредност и да ги задоволат потребите на нашите клиенти и на општеството во целина“, изјави Џим Хакет, главен извршен директор на Ford.

Автомобилските гиганти заедно ќе развиваат производство на комерцијални комбиња и пикапи со средна големина, а во исто време ќе ги истражат и можностите за поголема соработка за електрични и автономни возила.

Овој вид на соработка ќе биде една од најголемите во автомобилската индустрија.