Компанијата што го создаде Pokemon Go достигна вредност од четири милијарди долари

12

Фото: Pixabay

Компанијата што го создаде мега хитот Pokemon Go, Niantic Labs успеа да собере 245 милиони долари, со што достигна вредност од над четири милијарди долари, стои на официјалниот блог.

Овој износ компанијата ќе го искористи за понатамошен развој на проширена реалност, машинско учење и за новата Niantic real world platform, со која и други компании ќе можат да развиваат игри слични на Pokemon Go.

Niantic ќе почне како проект во инкубаторот на Google, но во 2015 година се одвои во посебна компанија.

Во текот на 2017 година, успеаја да соберат дополнителни 200 милиони долари од инвеститорите.