Guido – автономен бар на тркала што самостојно “служи“ пијалак

47

Фото: Pixabay

Италијанскиот архитект Карло Рати го претстави својот дизајн за автономен бар/кафуле којшто самостојно “служи“ пијалaк по нарачка, пишува Dezeen.

Возилото, коешто е опремено со две роботски раце, е наречено Guido, а истите го прават и служат пијалaкот и тоа за неколку секунди. Овој роботски бар Рати го дизајнираше во соработка со неговата компанија Makr Shakr.

Иако засега е само концепт, архитектот планира Guido да стане реалност до крајот на годинава. Клиентите ќе можат да нарачуваат пијалаци, односно да го “резервираат“ барот преку апликација на смартфон, нешто слично на транспортната услуга што ја нуди Uber.

Системот ќе ги скенира личните и карти на клиентите за да ја провери нивната возраст, а плаќањето ќе се врши преку мобилен телефон.