Нов парфем од брендот Lacoste

280

Познатиот француски бренд Lacoste летово ќе лансира нов машки парфем.

Lacoste-L1212-Noir

Во 2011 брендот лансираше три парфеми инспирирани од препознатливото лого на маичките, крокодилот, по кои следеше и четвртиот Rouge во 2012. Новиот парфем ќе биде петти во низата на брендот Lacoste.

Новото шишенце, како и останатите четири, ќе потсетува на познатите поло маички и ќе го носи славното лого – крокодилот.

Новиот парфем L.12.12 Noir месецов ќе биде пуштен во продажба во Велика Британија, САД, Средниот Исток и во некои делови од Европа.

Во јули ќе биде лансиран во Франција, Шпанија, Бенелукс, Германија и Азија, пред на крај да се најде на пазарите во Русија и Јужна Америка во август.

Парфемот од 30 ml ќе може да се купи за 40 евра, а поголемото пакување од 100 ml ќе се продава за 67 евра.

Инаку брендот Lacoste, кој е основан во 1933 годинава ја прославува својата 80 годишнина од постоењето.