Фото: Facebook
Спортскиот бренд Asics ќе рециклира користена облека за потребите на Олимписките и Параолимписките тимови во Јапонија, пишува BBC.
Униформите ќе ги носи јапонскиот тим за време на Олимписките игри коишто треба да се одржат следната година.
Компанијата се надева дека ќе собере 30.000 парчиња коишто ќе бидат донирани на спортски настани и во продавници.
Униформите ќе бидат изработени од полиестер добиен од донираната облека. Останатите материјали коишто ќе бидат “извадени“ од парчињата меѓу другото ќе бидат претворени во гориво.